Почетна » Новости » Мода » 52-годишната Ел Мекфирсон: „Не верувам во екстремни диети, убавината доаѓа одвнатре“

52-годишната Ел Мекфирсон: „Не верувам во екстремни диети, убавината доаѓа одвнатре“

Списанието „Your Fitness“ ѝ ја посвети насловната страница од мартовското издание на Ел Мекфирсон.

Во интервјуто, 52-годишната манекенка, нарекувана „Телото“, открила како го одржува своето тело во одлична форма и покрај тоа што чекори во шестата деценија од животот.

„Сега, на 52 години, знам дека здравите ум и тело се баланс на исхрана, вежбање, интуиција, искуство и љубов, навистина верувам во тоа. Сега помалку се грижам за бројката на вагата или за големината на фустанот кој го носам, одошто кога бев помлада“ – вели убавата Австралијка.

Засега е објавена само корицата од новото издание на списанието.

Ел МЕкфирсон

„Не верувам во екстремни диети. Јадам органска храна секогаш кога можам, а најчесто растителна храна, што значи многу зеленчук, салати, овошје и чисти протеини“ – изјавил познатиот супермодел.

Ел признала дека избегнува да посетува фитнес сали и дека сака да практикува физичка активност на отворено.

„Денес верувам дека убавината доаѓа одвнатре – медитацијата стана огромен дел од мојот секојдневен живот. Идеално е кога сум во друга држава, бидејќи можам да ја истражувам областа и истовремено да бидам активна. Ако сум дома, обожавам да го шетам кучето, да трчам на плажа, да пливам, да планинарам со децата или да се шетаме во соседството“ – додаде славната мајка на две деца.

ЕлМекфирсон за „Elle“ ноември 2016 Ел Мекфирсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20893 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.