Тешко е да се поверува дека Ел Мекфирсон чекори во шестата деценија од животот. 52-годишната Австралијка, позната како „Телото“, сними едиторијал за списанието „Elle“ за кое позираше во костими за капење и лежерна облека.
Фотосесијата со атрактивниот супермодел ќе се најде во ноемвриското издание на познатото списание.
Фотографиите се дело на поранешниот сопруг на Мекфирсон, реномираниот фотограф Жил Бенсимон.