Фарел Вилијамс го продава својот дом во Мајами. 42-годишниот продуцент и пејач ќе му го отстапи својот луксузен апартман на оној ќе плати 10,2 милиони евра.
Домот на популарната музичка ѕвезда се протега на 836m2 и има одушевувачки поглед кон Атлантскиот океан.
Во него се вклучени пет спални соби, шест бањи, мала библиотека, приватно кино, џакузи, базен и огромна дневна соба, чии ѕидови се исполнети со уметнички дела од омилените артисти на Фарел, како и ликовите од анимираната серија „Family Guy“.





























