Семејството на Фарел Вилијамс наеднаш се прошири за три члена. Неговата сопруга Хелен Ласичен родила три здрави бебиња на почетокот на јануари.

Засега не се објавени имињата на бебињата и нивниот пол, но претставник на популарниот пејач и продуцент потврдил дека сите се здрави и среќни.
43-годишниот музичар ја чуваше во тајност веста дека со сопругата очекуваат тројка. Тие се родители и на 8-годишниот Рокет Вилијамс.


Фарел и Хелен ја крунисаа долгогодишната врска со брак во октомври 2013 година.
