Ози и Шерон Озборн го ставија на продажба својот имот во предградието на Лос Анџелес. Оној кој сака да живее на имотот од 1022 метри квадратни и да им биде сосед на Џенифер Лопез и Марк Антони треба да го олесни својот џеб за 13 милиони долари.
Куќата со 6 спални беше претставена во јунското издание на списанието Architectural Digest.
Рокерот Ози со неговата сопруга ја купиле куќата во 2007 година за 12,38 милиони долари и целосно ја реновирале со помош на дизајнерот Мартин Лоренс-Булард.