И Брус Вилис се активира на пазарот на недвижнини. 56-годишниот актер го продава својот голем имот во Ајдахо за 15 милиони долари.
Ранчот кој се простира на површина од 81.000m2 е целосно опремен и вклучува гостинска куќа, спа, сала за вежбање и базен.
Познатиот актер го продава имотот затоа што не бил во можност да престојува во него онолку колку што навистина сакал.
Брус Вилис наскоро ќе стане татко по четврти пат. Неговата сопруга Ема Хеминг е бремена со нивното прво заедничко дете.