Децата на Синди Крафорд ги следат чекорите на својата славна мајка и полека, но сигурно влегуваат во светот на модата.
Синоќа, 14-годишната Каја Гербер и нејзиниот 16-годишен брат Присли Гербер се појавија заедно на LA Fashion Awards, настан организиран од The Daily Front Row. Двајцата тинејџери се гушкаа и се смешкаа пред објективите на фоторепортерите.
На црвениот тепих, Каја и Присли позираа и со поранешната уредничка на францускиот „Вог“, Карин Ројтфелд.
Присли и Каја беа дел од осмото издание на модното списание на Карин, „CR“.