Нина Агдал знае да привлече внимание. Новата девојка на Леонардо Дикаприо во провокативен фустан мамеше погледи на фестивал организиран од „Sports Illustrated“ кој се одржа во Бруклин.
Креацијата со длабоко деколте и шлиц до колк доаѓа од брендот Alamour The Label. Својот стилски избор, 24-годишниот модел го надополни со сандали од Stuart Weitzman.
Нина беше дел од изданието на „Sports Illustrated“ посветено на костими за капење.
Агдал и Дикаприо се во врска неколку месеци, а првпат беа фотографирани од папараците во јули на плажа во Малибу.