Следејќи ги стапките на нејзината колешка од Spice Girls, Викторија Бекам, русокосата Гери Халивел реши да влезе во дизајнерските води.
Но, таа не само што направи сопствена колекција костими за капење, туку и стана модел за истата.
Поради темниот тен и русата боја на косата, Гери изгледа одлично на фотографиите, баш како да е родена за да биде на плажа. Добро е да се види дека Гери изгледа одлично и дека зрачи со самодоверба, особено по нејзината борба со булимијата.