Војвотката Кетрин ја сними својата прва фотосесија за модно списание. 34-годишната сопруга на принцот Вилијам го краси британското издание на „Вог“, по повод 100-годишнината на модната библија.
Кетрин со природен изглед позираше пред објективот на британскиот фотограф Џош Олинс. Фотосесијата била направена во близина на домот на кралскиот брачен пар во Норфолк.
Креациите кои се искористени за фотосесијата доаѓаат од брендови како Burberry и Petit Bateau.

„Возбудливо е и ни е огромна чест што ја имаме Нејзиното кралско височество војвотката од Кембриџ на насловната страница на британскиот Вог“ – велат од списанието.


Две од фотографиите се поставени во Националната портретна галерија во Лондон, заедно со останатите фотографии од изложбата „Vogue 100: A Century of Style“.