Војвотката Кетрин денес ја посети Националната портретна галерија во Лондон, за да ги разгледа делата од изложбата „Vogue 100: A Century Of Style“.
Меѓу изложените фотографии, се и фотографиите од нејзината прва фотосесија за списание. Имено, таа позираше за фотографот Џош Олинс по повод 100-годишнината од постоењето на британскиот „Вог“.
За посетата на галеријата, Кетрин носеше розова креација од британската модна куќа Александар МекКвин.















Претходно, Кетрин беше на ручек во Центарот за ментално здравје „Ана Фројд“ во Лондон, а за таа прилика носеше светлосин фустан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ.







Утрово 34-годишната сопруга на принцот Вилијам се сретна со пoвеќе деца кои ја посетија новата област за забава во палатата Хемптон Корт. Облечена во сиво палто од Мајкл Корс, Кетрин ги набљудуваше забавните дизајни.












