Италијанскиот фестивал „Сан Ремо“ е познат по музиката, но никој не останува рамнодушен ниту на гламурозните креации со кои дамите блескаат на сцената. Годинава водителот Карло Конти имаше атрактивна придружба – моделот Мадалина Генеа. Романката заробуваше погледи со спектакуларни креации, меѓу кои најбројни беа модните дела на Зухаир Мурад.
За време на неколкудневниот спектакл, 27-годишната Мадалина носеше седум креации од Мурад.
Освен на либанскиот дизајнер, Мадалина им го довери својот изглед и на неколку други ателјеа. Таа се појави и во креации на Алберта Ферети, Вионе, Темперли и Кристина Савулеску.