Сандра Булок плати скоро 23 милиони долари за да купи нов дом за неа и за нејзиниот посвоен син Луис.
46-годишната добитничка на Оскар купи имот во Беверли Хилс изграден уште во 1940 година, а кој вклучува 5 спални, 7 бањи, библиотека, огромна кујна, целосно опремена мала сала за вежбање, базен и голем тревник.
Ентериерот воопшто не делува модерно и тоа е една од причините поради кои Сандра решила целосно да го реновира имотот за да го прилагоди на својот вкус.
Минатата година Питер Мортон, ко-сопственикот на Hard Rock Cafe, го продал истиот имот за 15,5 милиони долари, што значи дека Булок платила 48% повеќе.