Тинејџерската ѕвезда Мајли Сајрус се сели во нов дом. 18-годишната пејачка купила нов имот во Лос Анџелес за 3,9 милиони долари.
Куќата е изградена во 1952 година во современ стил и вклучува 5 спални и 7 бањи, а има и базен со солена вода, спа, сала за вежбање и професионална кујна.
Една од добрите страни на новиот дом на Мајли е што е убаво заштитен од објективите на папараците.