Кети Пери и нејзиниот сопруг Расел Бренд купија нов имот во Холивуд за 6,5 милиони долари.
Куќата е изградена уште во 1925 година во медитерански стил и има 7 спални соби и 9 бањи. Целиот имот е на површина од 12 000 метри квадратни, а вклучува и гостинска куќа и отворен базен.
Кети Пери моментално е на турнеја за промовирање на нејзиниот најнов албум „Teenage Dream“, а Расел заедно со Том Круз го снима филмот „Rock of Ages“.