Доналд Трамп го продаде својот имот во Ранчо Палос Вердес, Калифорнија. Иако познатиот бизнисмен минатата година го објави имотот за продажба по цена од 12 милиони долари, сега успеа да добие само 7,1 милиони.
Причината поради којашто 65-годишниот милијардер се реши да ја продаде куќата која ја градеше за себе е што поминувал многу малку време во неа.
Луксузниот имот вклучува 5 спални соби, 9 бањи, кујна од скоро 100 метри2, библиотека, винарска визба и прекрасен базен.