Вилијам Леви во моментов ја освојува Америка. 31-годишниот актер со учеството во шоуто „Dancing with the Stars“ значително си ја зголеми популарноста кај женската публика, а порасна и интересот на медиумите за него.
Вилијам се најде на насловната страна на априлското издание на списанието „Para Todos“. Освен што направи фотосесија за списанието, тој сподели и информации за своите планови и соништа.

За неговите соништа од минатото: „Отсекогаш сум сакал бејзбол и актерство. Мислев дека ќе бидам во бејзболот, но животот ме донесе во овој свет.“

За неговите планови: „Би сакал да снимам филмови тука во Холивуд. На тоа се фокусирам во моментов, на американскиот филм. На личен план продолжувам да растам секој ден. Мислам дека тоа е убавината на човечките суштества. Мораме да прифатиме дека не сме совршени и секој ден да работиме на себе.“

За неговиот актер идол: „Ми се допаѓа како работи Дензел Вашингтон. Ја обожавам неговата работа. Ми се допаѓа што прави и како го прави.“

За Dancing with the Stars: „Обожавам да танцувам. Уживам во тоа и ја обожавам музиката.“