Викторија Бекам го врти светското внимание кон сиромаштијата и борбата со ХИВ/СИДА во Кенија.
42-годишната дизајнерка, која е амбасадор на добрата волја на UNAIDS, и нејзиниот најстар син Бруклин Бекам отпатуваа во Африка во рамките на кампањата „Beyond Zero“ спроведена од првата дама на Кенија, Маргарет Кенијата. Викторија и Бруклин посетија клиники во кои се лекуваат деца и родители заразени со ХИВ со цел да научат повеќе за третманите и терапиите кои им се достапни на тие лица.
Славната сопруга на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам на Instagram сподели фотографии од посетата.
„Ова е почеток на важно патување за мене. Како жена и мајка, имам одговорност да ги поддржувам другите жени. Чест ми е и горда сум што работам со UNAIDS за да собереме средства и да ја подигнеме свеста за поддршка на жените и децата засегнати од ХИВ“ – изјави Викторија.
На една од клиниките, Бруклин запозна бебенце кое го носи неговото име и сподели слатка фотографија на која го држи новороденчето. „Му се поклонувам на најинспиративното семејство кое управува со клиниката New Life Home Trust. Чест ми е што го запознав новороденчето Бруклин“ – напиша тој во описот.