Џорџ Клуни е актерот за кој моментално зборува цел Холивуд. Неодамна тој се закити со „Златен глобус“, а е и сериозен кандидат за освојување на Оскар во категоријата Најдобар актер.
50-годишниот шармер беше доволно љубезен да ги отвори вратите на својот дом во Калифорнија и да ги покани водителите Чарли Роуз и Лара Логан на прошетка низ него.
Од она што може да се види во видеото од емисијата „Person to Person“, домот на Клуни е комфорен и топол, а ѕидовите се полни со фотографии кои кријат своја приказна. Џорџ ја покажа својата кујна, фрижидерот (кој е полн само со салати и џусеви затоа што познатиот актер си ветил дека во новата година ќе се храни поздраво), дневната соба со камин, кино-собата и дворот во кој има импресивна колекција на вина.
Погледнете го видеото во кое Клуни зборува за својата кариера, хуманитарната дејност, пријателството и својот личен живот: