Брус Вилис ја покажа својата нежна страна на фотографија која ја објави неговата сопруга, Ема Хеминг. На фотографијата славниот актер ја држи во рацете својата мала ќеркичка Мејбел Реј и нежно ја бакнува на челото.
„Прекрасен ден во Будимпешта со љубовите на мојот живот“ – напиша Ема на својот Twitter профил и ја објави слатката фотографија.

33-годишната актерка се породи на 1 април. Мејбел е првото дете на Ема и 57-годишната филмска ѕвезда.
Брус Вилис има уште три ќерки со првата сопруга, Деми Мур – Румер (23), Скаут (20) и Талула (17). Познатиот актер стапи во брак со Ема во 2009 година, девет години по разводот со Деми.