Меган Фокс повеќе не го крие големото стомаче. Медиумите веќе не мора да чекаат синооката убавица да ги потврди гласините дека е бремена, бидејќи најновите фотографии гласно зборуваат дека младата актерка наскоро ќе стане мајка.
26-годишната филмска ѕвезда и нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин биле фотографирани на Хаваи, каде што парот ја прославува својата втора годишнина од бракот. Среќниот пар престојува на истото место каде што склучи брак на плажа пред две години.
На фотографиите се гледа како 38-годишниот актер ја опсипува со бакнежи и многу нежности својата бремена сопруга.
Меган Фокс за првпат ќе стане мајка, а Брајан веќе има еден син, 10-годишниот Касиус.
„Мојот син ја обожава. Имаат прекрасна врска. Отсекогаш имала специјална поврзаност со него. Се сакаат до смрт“ – изјавил во една прилика Брајан за врската на Меган и малиот Касиус.
„Отсекогаш сум сакала деца. Бев добра бебиситерка. Отсекогаш сум сакала бебиња“ – изјавила Меган за својата љубов кон децата.