Блејк Лајвли донесе гламур и елеганција на балот МЕТ. 28-годишната актерка, која го очекува второто дете со Рајан Рејнолдс, се појави на свеченоста во креација во светло розова боја со црвени цветни декорации.
Фустанот, во кој ѕвездата од „Gossip Girl“ мамеше воздишки, е креација на модниот бренд Барбери, додека долгите обетки доаѓаат од компанијата за накит Лорејн Шварц.















Блејк беше придружувана од креативниот директор на Барбери, Кристофер Бејли.







