Блејк Лајвли и Селма Хајек донесоа гламур на црвениот тепих на премиерата на нивниот заеднички филм „Savages“.
Двете холивудски убавици на свој начин блеснаа пред насобраните фото-репортери. Блејк привлекуваше погледи со зашеметувачки убава тоалета на Зухаир Мурад од актуелната пролетна колекција висока мода.

24-годишната актерка успеа на стариот холивудски гламур да му даде модерен шмек.


Селма Хајек како и секогаш изгледаше елегантно во класичен блескав фустан на Гучи во боја на смарагд. 45-годишната ѕвезда на едноставен начин го долови стилот на 40-тите и дозволи нејзините популарни облини да дојдат до израз.


На црвениот тепих покрај двете дами се појавија и Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон, како и Бенисио Дел Торо.


Премиерата на трилерот „Savages“ се одржа во Лос Анџелес.