По раѓањето на нивната ќеркичка, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс ретко се појавуваат на холивудските свечености. За првпат откако станаа родители, славните актери заедно зачекорија на црвениот тепих на настан во Њујорк, на кој беше прикажан новиот филмски проект на Рејнолдс – „Deadpool“.
Филмските ѕвезди со широки насмевки позираа пред фоторепортерите.




Лајвли се појави во светла креација од Шанел украсена со блескави колоритни камења. Својот стилски избор таа го надополни со сандали од Стјуарт Вајцман.
















28-годишната актерка и 39-годишниот актер стапија во брак во септември 2012 година, а ѝ посакаа добредојде на малата ќеркичка Џејмс во декември 2014 година.