За врската на Леонарди ди Каприо и Блејк Лајвли се шпекулира веќе неколку седмици, а сега се појавија првите фотографии кои се доказ дека нивната врска е од романтична природа.
23-годишната ѕвезда од Gossip Girl беше „фатена“ како го држи за рака 36-годишниот актер за време на романтична прошетка по вечера во Монте Карло.
„Тој изгледаше како да е многу заљубен“ – изјавил анонимен сведок за списанието Us Weekly. „Тој ја претстави како своја девојка“ – пишува списанието потпирајќи се на изјавата на свој извор.
Озборувањата за врската на Леопнардо ди Каприо и Блејк Лајвли се засилија уште за време на Канскиот филмски фестивал, кога двајцата актери беа „уловени“ од папараците на луксузен брод.
Оттогаш, Блејк и Леонардо неколку пати беа видени на различни локации низ Франција и Италија.