Блејк Лајвли, како една од најдобро облечените дами во Холивуд, не ги пропушта модните настани. 28-годишната ѕвезда од серијата „Gossip Girl“ присуствуваше на ревија на Мајкл Корс и го набљудуваше шоуто од првиот ред заедно со својата мајка Илејн.
Ревијата, на која беше претставена колекцијата есен/зима 2016, се одржа во рамките на Њујоршката модна недела.
Популарната актерка носеше бежов фустан и палто од колекцијата pre-fall 2016 на 56-годишниот американски дизајнер. Својот изглед таа го надополни со чантичка од Шанел и обувки од Кристијан Лобутин.

















Славните мајка и ќерка позираа со Корс зад сцената по завршувањето на шоуто.

