Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе сними моден едиторијал за „W“

ФОТО: Бијонсе сними моден едиторијал за „W“

Бијонсе ќе се појави на двојната насловна на јулското издание на списанието W, која ја дели заедно со Кристина Агилера.

Облечена во свилена проѕирна кошула, кратки панталончиња од кашмир, капа и маска, сите од Луј Витон, и свилен градник на Живанши, Бијонсе изгледа силно и борбено.

Бијонсе Бијонсе
Бијонсе Бијонсе

За интересната фотосесија снимена од познатиот фотограф Патрик Демаршелие, Бијонсе освен облека од Луј Витон и Живанши, носи и модни парчиња од Долче и Габана, Марк Џејкобс и Нина Ричи.

Во краткото интервју за списанието, Бијонсе објасни зошто новиот албум го нарече „4“ и прокоментира за создавањето на спотовите.

За спотовите: „Која ја пеам песната, во главата имам слика за спотот. На некој начин ја слушам кореографијата што ќе биде во видеото, и можам да видам како ќе изгледам, дури и пред сите други да ја слушнале песната.“

Бијонсе Бијонсе
Бијонсе

За насловот на албумот: „Фановите го именуваа албумот „4“. А 4 е мојот омилен број. Тоа е важен број во мојот живот: датата на мојот роденден, на роденденот на мајка ми, на роденденот на мојот сопруг, датата на мојата свадба. Барак Обама е 44. претседател, а јас ја изведов „At Last“ од Ета Џејмс на неговата инаугурација.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19151 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.