Бијонсе е бремена! 29-годишната пејачка ја откри среќната вест на доделувањето на MTV VMA наградите, кое се одржа вчеравечер.
„Имам изненадување“ – им рече Бијонсе на насобраните новинари, додека со рацете го галеше своето големо стомаче.
Облечена во портокалова тоалета на Lanvin, Бијонсе блескаше од среќа на црвениот тепих, непосредно пред свечениот настан.
Бременоста не ја спречи Бијонсе да настапи на сцената. „Сакам да ја почувствувате љубовта што расте во мене“ – им се обрати Бијонсе на еуфоричната публика, пред да настапи со песната „Love on Top“.
По завршувањето на настапот, таа го откопча блескавото сако и го погали својот стомак, додека публиката возбудено ја поздрави.
Ова е прво дете на Бијонсе и Џеј-Зи, кои се во брак три години. Неодамна Бијонсе сподели дека отсекогаш велела дека сака да има дете пред да наполни 30 години. Очигледно нејзините планови се исполнуваат.