Уште еднаш Бијонсе се најде на мета на критичарите и тоа повторно поради промена на бојата на нејзината кожа, овојпат затоа што ја обои кожата црна.
Бијонсе позираше по повод 90-годишнината на списанието. Фотосесијата била со цел да му се оддаде почит на нигерискиот музичар и активист Фела Кути.
За фотосесијата 29-годишната пејачка доброволно го обои своето лице и предизвика бурни реакции и дебати дали ваквите фотографии се уметност или имаат расистички карактер.
Во мартовското издание на списанието може да се види Бијонсе како позира во различни креации и накит на Gucci, Azzedine Alaia, Fendi, Pucci, Chanel, Louis Vuitton, Rodarte, Dolce & Gabbana, Cartier и Lanvin, а една од креациите била дизајнирана од Тина, мајката на Бијонсе.
Атрактивната пејачка по вторпат се наоѓа во центарот на ваков скандал. Во 2008 година компанијата Лореал доби многу жалби поради тоа што дигитално го осветлиле лицето на Бијонсе во нивна реклама.