Бијонсе ги истакна своите облини во впечатлива креација на балот МЕТ во Њујорк. На свечениот настан, 34-годишната музичка дива се појави во фустан од латекс.
Креацијата декорирана со ситни бисери е дело на модната куќа Живанши. Популарната сопруга на Џеј Зи со драматична шминка и бежова чантичка го финишираше својот изглед за гала вечерта во музејот на уметноста „Метрополитен“.














