Лили Олдриџ, прекрасниот модел на Victoria’s secret, и Кејлеб Фоловил, фронтменот на групата „Kings of Leon“, стапија во брак.

Свадбената церемонија се одржа вчера во Монтесито, Калифорнија. „Тоа беше совршен ден“ – изјавил младоженецот за свадбениот ден.

25-годишната манекенка носеше венчаница на Вера Ванг, а Кејлеб гордо застана до својата невеста во костум на Гучи.


Ранчот каде што се венчаа е популарен меѓу славните холивудски ѕвезди. Судбоносното „Да“ таму си го кажале и Хилари Даф и Мајк Комри, како и Гвинет Палтроу и Крис Мартин.

Лили и Кејлеб се запознале во 2007 година и оттогаш се во врска. Минатата есен беше објавена и нивната свршувачка.