АнаСофија Роб е новата Кери Бредшо. 18-годишната актерка ја доби главната улога во новата серија „Дневниците на Кери“ (The Carrie Diaries).

Младата ѕвезда од филмот „Soul Surfer“ ќе се обиде да го „оживее“ ликот на Кери Бердшо со кој се прослави Сара Џесика Паркер.

Базирана на романот на Кендис Бушнел со истото име, „Дневниците на Кери“, новата серија ќе го следи животот на Кери во средношколските денови, односно во годините пред „Сексот и градот“.
Освен во „Soul Surfer“, АнаСофија ги има покажано своите актерски способности и во „Charlie and the Chocolate Factory“ и „Bridge to Terabithia“.