Сара Џесика Паркер доби своја наследничка. Минатиот месец стана јасно дека АнаСофија Роб е новата Кери Бредшо, а сега е објавена првата официјална фотографија од младата Кери.
Облечена во шашавиот стил на 80-тите години, АнаСофија го доловува изгледот на Кери од новата серијата „The Carrie Diaries“ (Дневниците на Кери).

„Кога АнаСофија влезе во собата, знаевме дека ја најдовме Кери. Нејзината елеганција, интелигенција, смисла за хумор и емпатична природа ја прават совршената девојка за да ја оживееме младата Кери. Фактот што обожава прекрасни штикли воопшто не штети“ – изјавила продуцентката Ејми Харис.

18-годишната актерка ќе ни ги претставува средношколскиот живот на Кери, нејзината потрага по вистинската љубов и нејзините први прашања за љубовта, сексот и пријателството.