Обожавателките на „Сексот и градот“ ќе имаат можност да видат како започнува приказната за Кери Бредшо во новата телевизиска серија „Дневниците на Кери“.
Првиот трејлер за новата серија беше објавен од телевизијата CW (можеби по грешка), но набрзо беше отстранет од YouTube. Во него можете да ја видите младата АнаСофија Роб во улогата на Кери Бредшо.
18-годишната актерка ќе ни го пренесува животот на Кери пред „Сексот и градот“, односно тинејџерските години од животот на популарниот лик. Дејството се одвива во 80-тите години, па многу модни зависнички се љубопитни да дознаат како стилистите ќе успеат да го доловат и направат привлечен откачениот стил од 80-тите.
Погледнете како се справува АнаСофија со улогата популаризирана од Сара Џесика Паркер: