Алиша Кис го продава својот луксузен апартман во Њујорк за 17,9 милиони долари.
Стаклениот пентхаус со модерен ентериер, кој се простира на површина од 570m2, вклучува пет спални соби и четири бањи. Огромниот простор е поделен на три нивоа поврзани со стаклени скалила. На третото ниво се наоѓа огромна тераса со скап поглед на градот.
Познатата пејачка и нејзиниот сопруг Свиз Биц го купија модерниот стан во 2010 година од Лени Кравиц за 14,5 милиони долари, но очигледно во него гледаат шанса за заработка.
















