Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Алиша Кис го купи луксузниот дом на Еди Марфи

ФОТО: Алиша Кис го купи луксузниот дом на Еди Марфи

Новиот албум „Girl On Fire“ Алиша Кис ќе го прослави со присвојување на нов луксузен дом. Популарната пејачка за 12 милиони долари го купува имотот „Bubble Hill“ од комичарот Еди Марфи.

Еди за првпат го стави на продажба огромниот дом пред седум години, кога барал неверојатни 30 милиони долари, но со текот на годините цената се движела по надолна линија.

Куќата вклучува 7 спални соби, 13 бањи, огромна просторија за куглање, базени, професионално музичко студио, тениско игралиште и 5 гаражи.

Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис Домот на Алиша Кис

Ова не е првпат Алиша да купи куќа од славна личност. Во 2010 година таа заедно со својот сопруг Свиз Биц го купи модерниот стан на Лени Кравиц во Њујорк за 14,5 милиони долари, но само две години подоцна објави дека го продава за 18 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23321 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.