Алиса Милано му го претстави на светот своето прво дете. На фотографијата, 38-годишната мајка исполнета со гордост во очите нежно го држи во рацете малиот Мајло Томас, кој дојде на свет пред еден месец.
Во интервју за списанието Us Weekly, актерката позната од серијата „Волшебнички“ споделила дека мајчинството не ѝ претставува проблем и дека се справува одлично.
„Сè врви одлично. Дејвид ми рече: Исто како да си падната од планетата на мајките. На тоа јас му одговорив: Не, тој е толку добро бебе, што прави да изгледам така“ – изјавила Милано.
Очигледно Алиса е на седмо небо, а тоа се должи и на нејзиниот сопруг, Дејвид Буглиари. „Нема ништо толку убаво како глетката на мажот што го сакаш со твоето дете“ – признала таа.
Откако беше објавена фотографијата со Мајло, Алиса побрза да им се заблагодари на своите обожаватели за убавите зборови. „Бебето Мајло вели благодарам за сите слатки зборови и добите желби“ – напиша таа на Twitter.