Алиса Милано беше меѓу гостинките на Snowflake Ball во Њујорк. На хуманитарниот бал организиран од UNICEF, 45-годишната актерка се појави со сопругот Дејвид Буглиари и нивниот син Мајло.
Облечена во елегантен фустан со наметка од Памела Роланд, ѕвездата од „Волшебнички“ гордо позираше со своите најсакани.