Алесандра Амбросио го претстави пред светот својот син Ноа Феникс, кој се роди пред само седум недели.
Среќната мајка позираше со малото бебенце и 3-годишната ќерка Ања во својот дом. Фотографиите биле направени во соработка со Pampers, а целта била собирање на средства за хуманитарни цели.
„Многу сум им благодарна на Pampers, со овие фотографии му помогнавме на UNICEF и на оние на кои им е потребна помош“ – напиша Алесандра на својот профил на Facebook и ги објави фотографиите.
Фотографиите беа објавени и во списанието „Caras“. „Живеам за своите деца. Постојано мислам на нивната иднина. Тоа што ги гледам е остварување на моите соништа. Кога забременив со Ања, тоа беше изненадување, но оттогаш планирав едно малечко братче за неа. Не знам дали ќе запреме овде“ – изјавила среќната мајка.
Алесандра и нејзиниот свршеник Џејми Мазур се заедно веќе пет години.