Адријана Лима, која најдолго време ја носи титулата ангел на „Victoria’s Secret“, доби своја восочна фигура во музејот Мадам Тисо.
За време на настанот за претставувањето на моделот направен од восок, 34-годишната манекенка позираше со својата „двојничка“ изненадена од сличноста, а не заборави и да си направи селфи.
Убавата Бразилка зачекори на црвениот тепих во Њујорк во женски костум со цветови и црни чизми до над колена од Gianvito Rossi.




Лима изјавила дека не очекувала дека некогаш ќе добие своја восочна фигура и дека е голема чест што селекцијата била направена на предлог нејзините верни обожаватели. „Кога ми кажаа дека Мадам Тисо сака да направи восочна фигура од мене, бев шокирана. Најпрво прашав кој го овозможи ова. Кога дознав дека сето тоа се оствари преку предлозите на моите фанови, за малку не се расплакав. Колку неверојатна чест и подарок од луѓето кои ме поддржуваа во текот на мојата кариера“ – рекла таа.
„Овој аутфит излезе во 2013 година. Го сакам и ги сакам крилјата и црвената е моја боја. Ова е аутфитот со кој најмногу се поврзав и ми е еден од омилените“ – додала Лима.














