Адријана Лима присуствуваше на гала-вечера во Женева и го „украде“ вниманието со својот изглед. 34-годишната манекенка зачекори на црвениот тепих во Швајцарија во секси црн фустан со висок шлиц.
Сатенската креација, која атрактивната Бразилка ја избра за вечерата организирана од IWC, доаѓа од италијанската модна куќа Max Mara.









Меѓу гостите на свеченоста беа и Розамунд Пајк и Скот Иствуд.





Лима беше дел и од промотивен настан на швајцарската компанија за часовници со Каролина Куркова.






