Адријана Лима беше гостинка на традиционална вечера на Здружението на дописници од Белата куќа. 34-годишната Бразилка привлекуваше внимание во црвен фустан со висок шлиц.
Впечатливата креација доаѓа од колекцијата есен 2016 на дизајнерот Хуан Карлос Обандо. Својот стилски избор, згодниот ангел на Victoria’s Secret го надополни со чантичка од Ненси Гонзалес.











Пред неколку дена, Лима присуствуваше на доделувањето на „Billboard Latin Music Awards“. За свеченоста, познатата манекенка го истакна својот сексапил во црна креација со исечоци од Александар Воте, која ја искомбинира со сандали од дизајнерот Пол Ендру.






