Адам Левин и Беати Принсло за неколку месеци ќе станат родители. 37-годишниот пејач на Instagram сподели фотографија на која шеговито си го споредува стомакот со бремената сопруга.
Пред извесно време, 26-годишниот ангел на Victoria’s Secret и фронтменот на „Maroon 5“ споделија дека очекуваат девојче.
„20 недела и конечно ми се познава стомакот“ – стои во описот на фотографијата.

Погледнете и други фотографии од трудничкото стомаче на Беати.



Левин и Принсло ја започнаа својата врска во мај 2012 година, а две години подоцна го изговорија судбоносното „Да“. Нивната ќеркичка се очекува да се роди во септември.