Ева Херцигова е на семеен одмор во Италија, но најголем дел од нејзиното време е резервиран за 3-годишниото синче Едвард.
43-годишната чешка убавица, која во 90-тите години го одушеви светот со својот шарм и изглед, деновиве неколкупати беше фотографирана со своето трето дете во Вариготи, Италија. На дел од фотографиите, Херцигова носи бикини со висок струк, а на други таа е облечена во бело-син комбинезон.











Поранешниот супермодел исто така беше „уловен“ додека се разладуваше со сладолед со Едвард пред снимање на фотосесија на популарната туристичка дестинација. На фотосесијата беа присутни и другите два сина на Ева, 9-годишниот Џорџ и 5-годишниот Филипе, како и нејзиниот партнер Грегорио Марсиај.














