Џиџи Хадид, популарниот модел кој направи бум во модната индустрија, го прослави својот 21. роденден.
Згодната Американка уште од мали нозе започна да влегува во модниот свет. Таа и нејзината помала сестра Бела чекорат по стапките на својата мајка, моделот Јоланда Фостер.
Џиџи на двегодишна возраст го доби својот прв моден ангажман и стана дел од кампања на Guess за бебешка облека. Потоа, Хадид го сврти фокусот кон своето образование, за во 2011 година повторно да се врати на својата кариера како модел.
Веќе две години славните сестри Хадид добиваат бројни ангажмани од врвни модни брендови и красат сè повеќе познати списанија.
По повод роденденот на Џиџи, погледнете 21 од нејзините највпечатливи стилски моменти.