Систин Сталоне, ќерката на познатиот актер Силвестер Сталоне, е гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција.
18-годишната девојка, која неодамна ги направи првите чекори во светот на модата, не остана незабележана на црвениот тепих.
На премиерата на „Hacksaw Ridge“, Систин дефилираше во креација во небесно сина боја.





Во Венеција, Систин допатува заедно со својата мајка Џенифер Флавин. На еден од настаните во шармантниот италијански град, Систин и 48-годишната Џенифер се појавија во мали црни фустани.




