Никол Шерцингер и Том Еванс се насладуваат на убавините на регионот Алгарве во Португалија.
46-годишната пејачка и 39-годишниот рагбист уживаа на прекрасни плажи и истражуваа пештери, а овие моменти ги споделија преку фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Никол и Том редовно тренираат и заслужено добиваат многу пофалби за нивниот фит изглед.
Никол и Том се верија мината година на Хаваи.