Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Уморна бев од лекарства и инјекции за болка“: Балерината Стефанија Гаштарска успешно оперирана во Москва

„Уморна бев од лекарства и инјекции за болка“: Балерината Стефанија Гаштарска успешно оперирана во Москва

Стефанија Гаштарска имаше успешна операција на коленото во Москва.

23-годишната македонска балерина објави фотографии направени по медицинската интервенција во „ЦИТО“, клиника специјализирана за спортски и балетски повреди. Таа сподели дека долго време настапувала со болки во коленото, кои ги игнорирала поради ангажманите, сметајќи на лекарствата за намалување на болка.

Кога веќе ништо не ѝ помагало, таа одлучила да се оперира и не згрешила. Сега е среќна со одлуката која ја донесе и им е многу благодарна на медицинските лица во „ЦИТО“.

Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска

Еве го нејзиниот пост:

Пред неколку месеци, од дното на мојата душа го замолив Бог да ми помогне. Се изморив борејќи се, мачејќи се и правејќи го она што го сакам, чувствувајќи силна болка. 1.827.682 дијагнози, исто толку мислења. Уморна бев од пиење лекарства, од инјекции за болка, од 10.000 различни процедури: ласер, озон, ФТЛ, фитнес сала, пливање, инјекции, кинеска медицина, остеопатија, позитивни мисли, биоенергија... Сè што постои и ништо не ми помогна.

Бог ме донесе во ЦИТО. Таму почувствував дека сум во добри раце. Бев преплашена. Никогаш нема да го заборавам моментот кога плачев и се молев пред операцијата, но кога се појави докторот Анатолиј Корнеевич, тотално се смирив… Во болница во која работат вистински професионалци, не се сомневав дека мојот проблем ќе биде решен.

Операцијата беше многу брза и лесна. Планирав да се рехабилитирам во Македонија. Кога со мајка ми одевме да чекаме такси, го сретнавме Анатолиј Корнеевич и никогаш нема да ги заборавам неговите зборови: „Рехабилитацијата е 50% од успехот. Ако не се вратите кај нас за две недели и не одите на рехабилитација во CITO, тоа ќе биде огромна грешка“. И тој замина. Со мајка ми се погледнавме и таа ми рече: „Да, за две недели ќе се вратиш овде, без никакви прашања“.

Тоа беше знак. Сега сум во Москва на рехабилитација и можам со сигурност да кажам дека ако не дојдев тука, ќе направев неверојатна грешка. Веќе заборавив на патериците, уште малку ќе почнам и да трчам.

Се чувствувам одлично!

Благодарност до целата болница ЦИТО. Има многу прекрасни и љубезни луѓе овде.

Минатата година, руското издание на „Форбс“ ја избра Стефанија за една од осумте нови балетски ѕвезди на Русија.

Љубовта кон балетот таа ја наследи од својата мајка Марија Крстевска, која е балерина и има свое балетско студио за деца.

Стефанија изоди трнлив пат за денес да го живее својот сон. Таа на 14-годишна возраст учествуваше на отворениот натпревар за балетски уметници „Арабеск“ во Перм, каде бил забележан нејзиниот талент. Така, доби понуда да студира една година токму во државното училиште во Перм и денес е солист првенец во Перм Опера и Балет во Русија.

Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска

Своето образование Стефанија го продолжи на Академијата за балет на Бољшој и вели дека уште од 8-годишна возраст верувала дека еден ден ќе застане на сцената од златната сала во Бољшој театарот. Таа е првата Македонка која го има постигнато овој успех.

Стефанија Гаштарска Стефанија Гаштарска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23044 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.