Сигурно некогаш сте се запрашале „Која е смислата на животот?“, „Постои ли живот на други планети?“ или пак „Што е љубовта?“. Па, не сте единствените, затоа што овие вечни прашања се наоѓаат на листата на топ 10 прашања кои не можат да се одговорат. Списокот е составен според истражување на вебсајтот Ask Jeeves, којшто месечно дава одговор на над 16 милиони прашања.

По анализа на над милијарда прашања поставени во текот на изминатава деценија, станало јасно дека најголемото прашање кое не може да се одговори е прашањето за смислата на животот. Но, луѓето не се интересираат само за филозофски прашања. Тие сакаат да знаат и која е најславната личност на светот или пак дали е вистина дека русокосите повеќе се забавуваат.
Топ 10 прашања кои немаат одговор
- Која е смислата на животот?
- Дали постои Господ?
- Дали русокосите повеќе се забавуваат?
- Кој е најдобриот начин за слабеење?
- Дали постојат вонземјани?
- Која е најславната личност на светот?
- Што е љубов?
- Која е тајната на среќата?
- Дали Тони Сопрано умре?
- Колку долго ќе живеам?