ТОП 10 најсекси жени во музиката
Бритни Спирс ги победи Ријана, Лејди Гага, Бијонсе и Џеј Ло за да ја добие титулата „Најсекси жена во музиката“. 30-годишната пејачка застана на чело на листата составена од Billboard. Во оформувањето на финалните резултати со својот глас учествувале 600.000 обожаватели на музиката.
Од нив, 45% го дале својот глас за принцезата на поп музиката. На второто место зад Бритни, со 12% од гласовите се најде Лејди Гага. Бијонсе го доби третото место со 8% од гласовите, додека Ријана остана зад неа со 6%.
Кети Пери шармираше 5% од гласачите за да застане на петтото место. Точно 3,89% гласале за Деми Ловато и со тоа ѝ го подарија шестото место. Верувале или не, 53-годишната Мадона добила 3,75% од гласовите, освојувајќи го седмото место. Последните три места им припаднаа на Џенифер Лопез (3%), Ники Минаж (1,85%) и Тејлор Свифт (1,84%).
ТОП 10 најсекси мажи во музиката
Од мажите, најмногу со својот сексапил се истакнал Адам Ламберт и добил 26% од гласовите. Фронтменот на Maroon 5, Адам Левин, застана на второто место со освоени 12% од гласовите, додека третото место му припадна на Џастин Бибер (10%).
Шпанскиот срцекршач Енрике Иглесијас добил 9,75% од гласовите, застанувајќи на четвртото место, а фронтменот на Tokio Hotel, Бил Каулиц, го присвоил петтото место. Од шестото до десеттото место се најдоа: Бруно Марс, Бон Џови, Крис Браун, Ашер и Дрејк.